Теди Грубица, младо момче од Истра, кое работи како ТВ-снимател, во слободното време сака да пее. Сака домашна музика, а едни од неговите омилени музичари во оваа област се Оливер Драгојевиќ и Тоше Проески.
Да беше жив, Тоше пред само два дена ќе го прославеше 38-иот роденден, па Теди по тој повод одлучи да ја стави песната „Тајно моја” на социјалните мрежи, која ја испеа на течен македонски јазик. Навистина звучи фантастично, сигурно и Тоше би се наежил кога би слушнал.
Tajno Moja – Tose Proeskiby Tedi GrubicaSlusalice u usi 😀
Gepostet von Tedi Grubica am Freitag, 25. Januar 2019
На неговото вечно почивалиште на Гумење и со повеќе манифестации во Крушево беше одбележан 38-от роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески кој трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка Хрватска на 16 октомври 2007 година.
Во одбележувањето на роденденот на Тоше беа вклучени Меѓународната фондација „Тодор Проески“, музејот Спомен-куќа на Гумење и крушевската локална самоуправа, а фанови од целиот Балкан се собраа за да му оддадат почит.
Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење содржи над 350 експонати поврзани со Тоше, а од 2011 година, кога е отворена, ја посетиле преку 650.000 гости од кои 30 отсто од странство.