Од ова целиот дом ќе мириса прекрасно! Направете домашен озонер од ориз.
За да го направите овој освежувач на простории и плакар, потребно ви е една стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло.
Оризот ќе ги апсорбира сите мириси на етеричното масло и просторијата ќе замириса веднаш.
Овој начин е целосно природен и мирисот ќе трае со месеци. Покрај тоа, тоа е значително подобар избор од освежувачите на воздух, бидејќи тие се преполни со хемикалии.
Можете да изберете масло со било кој мирис, но најефикасен во отстранувањето на непријатните мириси е маслото од лимонска трева.
Подготовка:
Наполнете ја теглата со ориз Додадете 10 до 20 капки од омиленото етерично масло. Покријте, па добро протресете за да се распредели маслото рамномерно преку зрната ориз.
Извадете го капакот и покријте ја теглата со газа и зацврстете го со ластик. Кога интензитетот на мирисот ќе се намали, само протресете ја теглата или додајте уште неколку капки масло. Освежувачот направен на овој начин може да се чува во простории или можете да го ставите во плакарот за вашата облека убаво да мириса.