Рио Де Жанеиро еден од најубавите и најголеми градови на светот кој вреди да се посети.
Рио е една од најубавите дестинации на светот, а има голем број на прекрасни кои таму мора да ги посетите. Градот има интересна комбинација од урбани елементи, но и култура која потсетува на некои минати времиња. Зад овој град се возвишуваат прекрасни брда и изобилува со долги плажи, па е многу популарен меѓу туристите.
Никако не смееме да ја заборавиме богатата историја на фудбалот која постои во овој град, но и во цел Бразил. Доколку прв пат се најдете во овој град, може да ве збуни тоа што нема да знаете каде попрво да одите. Имајте ги на ум следниве места.
Шеќерна глава
Ова е една од главните атракции на Рио и првото место кое на туристите им паѓа на памет да го посетат кога ќе дојдат во градот. Станува збор за камен кој се возвишува над пристаништето во висина од 390 метри. Лични на остров кој е поврзан со копно со мал насип. Кога ќе се качите на врвот можете да уживате во магичниот поглед.
Копакабана
Станува збор за град со еден од најдолгите брегови, а Копакабана е позната по модерните згради и старите градби кои ја чуваат историјата на градот. Градот е дом на познатиот хотел Копакабана, кој е изграден во 20-тите години од минатиот век и тоа биле неговите најдобри години. Бил познат по гламурот и елеганцијата, пишува “topworldtravels”. Во овој град ќе уживате во возењето во непрегледните плажи и ќе можете да учествувате во бројни активности..
Маракана
Тоа што не може да ви “побегне” во овој град е фудбалот. Оваа земја дала некои од најдобрите фудбалери на сите времиња, меѓу кои најпознат е Пеле. Кога ќе дојдете тука, ќе го засакате фудбалот колку и да не сте биле фан претходно. Рио е дом на еден од најголемите стадиони, на кои се играле и Олимписки игри.