Загрепчанка се шокирала кога во своето поштенско сандаче добила сметка за вода од скоро 50.000 куни (6.700 евра), со додатни повеќе од 25.000 куни (3.300 евра) камата и трошоци.
Но, таа не е единствена. Такви сметки им стигаат на станарите во една зграда во Загреб, пренесува РТЛ.
-Во мај 2018 година пукна цевка, пријавивме во Водовод и почнаа да ми стигаат големи сметки. Прво стигна сметка од 47.000 куни, после тоа од 25.000 куни, за сега пред 7 дена да добијам сметка од 78.000 куни (приближно 10.000 евра) – рекла за РТЛ Маја Никол Ковачевиќ.
Dio 2 .“ Računi su ispravni i možemo ponuditi isplatu na rate .”Ne .. nešto nije ispravno jer ako napravimo malo…
Gepostet von Maja Nicole Kovačević am Samstag, 30. März 2019
Добила рок од 8 дена да ја плати сметката за вода.
-Не знам што ќе правам. Огромна е цифрата која не можам да ја соберам, ниту пак треба тоа да го платам – рекла Ковачевиќ.
-Се допишувам со Водовод но не сум добила никаков конкретен одговор. Секогаш велат „ќе проследиме понатаму, ќе ви се јавиме“, за еве да добијам сметка со огромна сума – рекла Ковачевиќ.
Нејзината сосетка вели дека добила сметка со неверојатен износ од 230.000 куни (повеќе од 30.000 евра). Заедно, според нивната пресметка, потрошиле 22 милиони литри вода. Во таа зграда живее и нејзината сестра на која ѝ стигнала сметка од „ситни“ 5.000 куни (672 евра).
РТЛ наведува дека од Водовов велат дека тие се одговорни само за јавниот дел, а дека на предметната локација станува збор за дефект на интерен дел на инсталацијата и дека сметките се исправни. Додале и дека може да се плати на рати.