На протестот пред Влада вечерва се појави мајка која зборуваше за својот прерано починат син, на само 31 година.
Нејзиниот син бил опериран ласерски во Виена, а потоа му биле дадени 3 хемотерапии. Следниот чекор бил кога се упатила во Систина каде што и рекле дека нема цитостатици, за после 10 минути да и кажат дека нашле, на што мајката прашала како е возможно да ги најдат во рок од 10 минути, таа напоменува дека ова не се случува само во јавното здравство, туку и во приватните болници, конкретно во случајот, Систина.
По примените 3 хемотерапии нејзиниот син воопшто не бил ослабен, без апетит и не ја изгубил косата. За потоа по вторпат повторно да се врати во Виена, кадешто докторот и кажал дека нема ништо од нашата држава, дека хемотерапијата била неуспешна иако тој сакал да го оперира.
Жената својата приказна накусо ја раскажа пред граѓаните, а во еден момент и се слоши, таа кажа дека за случајот на нејзиниот син и порано зборувала, меѓутоа сите ја правеле психички болна.