|
Пејачката Марија Шерифовиќ уште пред неколку години изјави дека во животот би сакала се оствари во улога на мајка, но не знае кога тоа ќе се случи.
Можеби сега веќе пејачката е чекор поблиску до остварување на оваа желба, откако извори блиски до нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, велат дека таа е преплавена од емоции што нејзината ќерка размислува за таков голем чекор.
– Многу е интимно прашањето, посебно во овој случај. Се радувам на тој момент кој веројатно се ближи. Таа чека да ја најде вистинската личност со кого ќе гледа дете, но бидејќи тоа не се случило, а има веќе 37 години, реши да биде самохрана мајка. Изјави идната баба за медиумите, со насмевка на лицето.