Мајката на Пино: „Мислев дека сте народ кој сака да помогне, но се уморив од читање навреди“

ИЗВОРСкопје24
|

Сè уште нема никаква трага од 26-годишниот Пинета Секондо-Пино, кој последен пат беше виден на 10 декември околу 22 часот. Изминаа 46 денови откако му се губи секаква трага. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров во понеделникот, 10 декември, 22 часот навачер. Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „шкода“ со тавблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.

Неговата мајка, Маја Трпковска, која на секој можен начин се обидува да дојде до некаква информација за нејзиниот син, за последен пат се обрати преку „Фејсбук“. Вели, очекувала помош и поддршка, но се изначитала само навреди.

Бидејќи премногу луѓе ја злоупотребуваа мојата/нашата болка, пишувајќи навреди за моето дете, лажни зборови без никаква основа, јас и моето семејство одлучивме да немаме повеќе никаков контакт со државата „Фејсбук“. А, во меѓувреме продолжуваме да бараме помош од медиумите, телевизиите и од жителите на Република Македонија, ако имате информации за Пино. Јавете се на 078 246 917 или пријавете во станица Кисела Вода/ Скопје и побарајте да зборувате со началникот Дејан Димовски.

Премногу навреди прочитав за да можам да продолжам да ве читам. Мислев дека бевте народ што сака да помогне, читам навреди. Благодарам на сите што ми се блиски со молитвите, господ да ве благослови. Го бараме Пино, не издаваме турски сеир на серии. Секој коментар што содржи навреда или лажни информации ќе биде пријавен, напиша неговата мајка на „Фејсбук“.

Bidejki previse luge ja zloupotrebiva mojata/nasata bolka, pisuvajki navredi sprema moeto dete, lazni zborovi bez…

Gepostet von Maja Trpkovska am Dienstag, 22. Januar 2019