МАЈСКИ АФРИКАНСКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Уште ПОТОПЛО во првите денови од новата недела

|

Како што веќе најавивме денес претежно во западните предели ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, заислен ветер, и тоа особено во поладневните часови. Ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат без поголеми промени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во првите денови од новата недела која што ни претстои.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и температурите во почетокот неделата ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 35 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови има услови за локална попладневна нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 31 степен.

Пад на температурите на воздухот и засилен северен ветер се очекува во среда, и тоа поради продор на посвеж воздух од север.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki