Македонци преживеале страшен лет над Белград за време на невремето: Господ не чуваше

ИЗВОРСкопје24
|

Македонци поминале низ ст*ашен, тежок и повеќе од турбулентен лет додека летале над Белград, откако доцна попладнето во текот на вчерашниот ден главниот град на Србија беше зафатен од големо невреме проследено со дожд, ветер, грмотевици и град со големина на орев.

Во разговор со дел од патниците, тие за Макпрес велат дека тоа што го гледале на филмови синојќа го доживеале во живо.

– Го преживеав најстрашниот лет во мојот живот. Губење на контрола над лет во бура кај Белград. Како на филм. Не сум верувала дека ќе ми се случи во животот но ете Господ не чувал од најлошото. Најчудно е само како пилотот не беше спремен за бура кога контролор на летање не може да не даде координати. Веројатно брзаше да стаса како луд на бура бидејќи авионот многу доцнеше. Не може така, ризикуваш животи. После оваа случка на сите им препорачувам да се чуваат, вели една патничка која летала на релација Братислава – Скопје додека во Белград траеше страшната бура.

Во нашата земја пак, вчера патнички авион на релацијата Истанбул – Скопје повеќе од еден час кружеше над главниот град бидејќи силниот ветер му го попречуваше слетувањето.

БЕЛГРАД ГО ЗАФАТИ СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ГРМОТЕВИЦИ, ВЕТЕР И ГРАД СО ГОЛЕМИНА НА ОРЕВ

Во текот на вчерашниот ден главниот град на Србија го зафати силно невреме. Дожд, град со големина на орев, ветер и грмотевици го погоди Белград.

Невремето го парализираше сообраќајот во Србија а беше и причина да се прекинат неколку фудбалски натпревари кои се играа во вечерните термини.