Еднаквоста во нашето општество кое беше најавена од страна на властите со ветување дека ќе се спроведе на дело за сите граѓани на оваа држава се испостави дека е неточно.
Заради законите кои произлегуваат од рамковниот договор, дел од граѓаните се принудени да ја сменат својата национална определба за да можат да се вработат онаму каде што сакаат.
Дали ова може да се сфати како еден вид на понижување за граѓаните Македонци кои се родиле и живеат во својата држава Македонија? Македонците на своја територија се приморани да го заменат својот личен идентитет и својата определба наклонувајќи се некому, односно потпишувајќи се како Албанец или Турчин за да дојдат до работа која им е потребна за животна егзистенција.
Во Управата за куллтурно наследство Македонката Билјана стана Албанка, а Жаклина мораше да биде Турчинка.
Сепак, ова не е се, по повод нивната национална определба, колегите ќе бидат должни да ги поздравуваат на соодветен јазик кој не им е познат ни на нив две.
Но и за тој проблем е пронајдено решение, на табла стојат испишани преводи на албански и турски јазик за секојдневна упростена комуникација како што се: добар ден, добро утро, честитам, како сте и др.
Родените Македонки и овој пат изгледа ќе мора да голтнат кнедла и да ја спроведат на дело двојазичноста ако сакаат да ја задржат својата работа.