Македонци украле над 150 литри дизел од камион во Словенија

ИЗВОРНов Лист
|

Со помош на пумпа, тројца македонски државјани украле околу 152 литри дизел гориво од камион кај местото Бивје, Словенија.

Според странскиот портал, сведок веднаш повикал полиција по што двајца биле приведени, додека еден успеал да се сокрие во блиска кафеана, но и тој бил уапсен после помалку од половина час.

Полицијата потврдила дека станува збор за тројца државјани на Македонија кои живеат во Словенија, двајца на подрачјето на Истра и еден од месноста Горишка.

-На местото на настанот пристигнале со два автомобила, со коперски и горички регистарски ознаки, а во еден од нив полицијата пронашла и докази за нивните постапки. Во автомобилот веќе биле наполнети четири туби од 25 литри, една цела од 35 литри, а една од 35 литри успеале да наполнат само половина до доаѓањето на полицијата. Во сите имало дизел. Со оглед на тоа што живеат во Словенија и имаат регулиран статус, полицијата по консултација со обвинителството ќе постапи согласно законите, пишува словенечкиот медиум.