Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег.
Тинејџерот од американската сојузна држава Ајдахо заработил дури 35 илјади долари за четири дена чистејќи снег од приоди на куќи, но и на разни фирми, градинки и мотели.
Со оглед на тоа дека во Вашингтон во февруари падна најмногу снег во последните 70 години, момчето сфатило дека не е едноставно тој да се чисти со обични лопати.
Кога увидел дека одредени лица се подготвени да платат и 1.000 долари за таа услуга, тој се вратил во Ајдахо го зел багерот и плугот и ги однел во Вашингтон.
Еден час чистење снег наплатувал меѓу 500 и 750 долари.
Платата е над 1000 евра и не се работи секој ден, а никој не се јавува
Професионалците кои се занимаваат со риболов, и покрај добрата понуда, се жалат дека не можат да најдат работници затоа што “на момците од брегот не им е до работа во риболов“.
Алармантна е состојбата на најистакнатиот рибарски пункт во Шибеничко-книнската област во Хрватска каде се наоѓа единственото рибарско пристаниште на брегот – Трибуњ каде што недостигаат повеќе од 50 работници за риболов.
На состанокот во Комората за занаетчиство во Шибеничко-книнската област беше нагласено дека има голем број бенефиции за работа во рибарската индустрија во однос на некои сезонски работи.
Освен фактот дека станува збор за вработување во текот на целата година, платата е над 1.000 евра, а некои денови не се ни излегува на море.
На средбата, тие исто така се разговараше како на работниците им се плаќа за обука, набавка на опрема и обезбедување на топли оброци.