Македонец кој после 20 години се врати од странство ја отвори првата Академија за пица мајстори во Македонија

|

Зоран Јовановски: Светски познат пица мајстор со потекло од Македонска Каменица, сопственик на најпознатата Академија за правење пица во Македонија ќе не прави горди и во Шведска

Ова е приказна за Зоран Јовановски-Паламаро, по потекло од Македонска Каменица, а живее во Кочани каде што завршил средно училиште. Како и многу негови сограѓани и тој својата среќа на почетокот на 90-те тргнува да ја бара надвор од земјата. За своја дестинација ја одбира Италија, а Наполи било местото каде ги научил тајните на правење пица. Зоран се одлучил за ваков гастрономски занает откако сфатил дека најлесен начин за да се дојде до работа, било каде во светот, е доколку знаеш да правиш пици. Бидејки нема место на земјинава топка каде не се јаде пица.

Но, Зоран не застанува само на правење пица, туку станува експерт и врвен мајстор во својот занает за што добива признанија, но и голем број пехари и медали на првенствата ширум Европа.

Дека занаетот е злато вреден тоа одамана го утврдил, па затоа и одлучува да го пренесува своето занаење на сите кои се заинтересирани да прават пица и да имаат занает во раце со кој не само само што ќе го прехрануваат семјството, туку ќе живеат и пристојно и квалитетно. И покрај големиот успех надвор од Македонија, Зоран сепак решава да се врати дома, а најголемата причина е раѓањето на неговиот внук Максимилијан. После толку години одвоен од семејството и родната земја одлучува дека сака да го гледа внукот како расте покрај него…

Чудно е да се вратиш во „Недојдија“ кога веќе си инструктор на Европски призната Академија и наградуван во цел свет, но фамилијата е поважна од се.

– Среќата да си со своето чедо е бесценета, вели Зоран одговарајќи им на коментарите дека направил погрешен чекор…

Повеќе прочитајте на вработување.мк