|
Царинската управа спречи Македонец да отпатува во САД со монети во вредност од 2.359.000 денари.
Тој бил затекнат на скопскиот аеродром на излез од државата.
„Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари“, објави Царинската управа.
Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.