Македонецот за кој слушна и National geographic: Создава бајковити куќички на дрво

ИЗВОРСкопје24
|

Душан Заевски e скопјанец кој верувале или не, гради куќички на дрво. И ако во моментов се сетивте на Treehouse Masters, токму тие му ја дале најгoлемата поддршка во оние моменти кога сите други се шегувале на сметка на она што сакал да го работи.

Денеска, тој има изработено една фантастична куќичка поставена кај неговата викендица близу Скопје, а во процес се уште две по нарачка за мали девојчиња. На покана на продукцијата на National Geographic, следната година планира да оди во Америка каде заедно со други млади таленти од светот ќе градат куќички за специјален ресорт. Она што е најинтересно, е тоа што тој е самоук, односно неговото образование воопшто не е поврзано со ова што денеска го работи.

За тоа како почнал со изработка на овие фантастични куќички во кои ќе се вљубите на прв поглед и целиот процес на изработка можете да видите на Фешнел.