Македонија го достигна најниското 111. место од 2001 до сега според индексот на корупција

ИЗВОРТелма
|

Со пад од 5 места во споредба со лани Македонија го достигна најниското 111 место од 2001 до сега откако во земјава се мери индексот на перцепција за борба против корупција. Земјава е на дното во регионот заедно со Босна и Херцеговина а во светски рамки на ранг листата е во друштво и со Монголеија и Панама. Од Трансапренси Интернешнал Макеоднија посочуваат дека со декалративна наместо вистинска борба против корупцијата без ефикасни реформи без владеењето на правото, без справувањето со високата корупција и конфискација на украдените народни пари не може да се очекувуа напредок и во иднина.

Борбата со корупцијата во земјава назадува покажува инексот на прецепција за корупција на транспаренси интернјшнал за 2020. Со ист број на поени како но 5 места подоле на ранг листата Макеоднија го достигна најлошиот резултат во посдлените две децении. Друштво и прават Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. Најлош резултат заедно со Босна имаме и во рамки на регионот каде на врвот на табелата е Словенија. Од 2014 сме во постојан пад во рангирањето а за 2020 е констатирано влошување во 2 од 7 те извештаи кои ја аназираат Макеоднија. Бележиме послаби резултати во областите на владеење на правото, човковите права и пристап до информации, посочува претседатлеката на Транспаренси за Макеоднија Слаѓана Тасева.

Потребна е поголема транспарентнсост на институциите но и да се прстане со политички пазарења при враобтувања во администрацијата но и зајакнување на надзорните тела. Тасева го истакна и проблемот со кој се соочува антикорупциска со тоа што не им се опбезбедува простори опрема и неопходниот софтвер не им се овозможи да се екипира и опремат за да ја исполниува својата функција во борбата со корупцијата

Најдобро рангирани во индексот на перцепција зак орупција се Данска и Нов зеланд зад нив се Финска Сингапур Шведска и Швајцарија. На дното на табелата се Сомалија и Јужен Судан.

Од Транспаренси Интернејшнал посочуваат дека кризата што го зафати светот не е само здравствена туку и еконосмка и криза на корупцијата. Пандемијата покажа дека оние земји што имаат повисок степен на корупција се помалку способни да се справат со предизвиците посочуваат од Транспаренси.

Елена Ивановска Мукоска