Македонија има млеко тврдат надлежните – ако снема, „братски ќе делат“ со Србија и Албанија

ИЗВОРТелма
|

„Сигурно ќе има недостаток на млеко“ – со овие зборови дел од млекопроизводителите во земјава одговараат на кратко новинарско прашање, за кризата во најава.

Потврдуваат дека се очекуваат турбулентни месеци и имаат многу пораки до надлежните.

Во телефонски разговор уште еднаш предупредуваат дека тоа што се случува сега е „затишје пред бура“.

Ова доаѓа откако дел од млекопроизводителите го означија периодот од ноември натаму како најкритичен заради очекуваниот недостаток од млеко. Причина е тоа што домашното производство е мало, а нема ниту од каде да се увезе.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски тврди дека засега состојбата е добра, Македонија нема недостаток од млеко, но има план.

Тоа што Македонија нема од основните прехранбени производи ќе добива од Србија и Албанија, а ќе дава од тоа што овде е вишок.

„ТОА ШТО НИЕ ГО НЕМАМЕ ДА НЍ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД СТРАНА НА ДРУГИТЕ ИЛИ ТОА ШТО ТИЕ ГО НЕМААТ, А НИЕ ГО ПРОИЗВЕДУВАМЕ И ИМАМЕ ВИШОК – СЕКАКО ДЕКА ТРЕБА БРАТСКИ ДА ГО СПОДЕЛИМЕ. ЌЕ ГИ АНАЛИЗИРАМЕ И ТЕКОВНИТЕ СОСТОЈБИ, ВО МОМЕНТОВ НЕМА НЕКАКОВ АЛАРМ ВО ТОЈ ПОГЛЕД МЕЃУТОА ЕВЕ И СЛУЖБИТЕ И ПОТСЕКТОРСКИТЕ ГРУПИ ЌЕ РАБОТАТ НА ТОА И ЌЕ ПРАВИМЕ СÈ ШТО Е МОЖНО“ ИЗЈАВИ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО.

„Братската делба“ којашто ја споменува министерот за земјоделство Николовски, е договорена во рамки на последниот Самит на земјите членки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Македонија, Србија и Албанија се обврзаа да нема бариери и забрани, за да се обезбедат граѓаните со основните прехранбени производи.

Посебна Комисија ќе ги анализира сите складишни капацитети на овие три држави.

Србија веќе донесе одлука да го ограничи извозот на млеко и одредени млечни производи, но оваа одлука не важи за „Отворен Балкан“.

Петар Догов