На социјалните мрежи пронајдовме уникатен оглас на кој се продава моторцикл олдтајмер марка BMW Dnepr 650 од Втората светска војна.
Во огласот пишува дека моторот е со приколка во идеална состојба, со македонски документи, 4 брзини+рикверц и рачна кочница.
Покрај тоа моторот има комплетна воена опрема (ашов, торби, сандак, постојле за митролез, држач за муниција, резервно тркало, матерки и уште многу други работи).
Моторот е единствен во Македонија и е користен како реквизит во филмовите “Трето полувреме” и “Ослободување на Скопје”.
Според огласот, цената на овој уникатен моторцикл е 20.000 евра.
Огласот погледнете го ТУКА