Анета Велковска од основното училиште ,,Браќа Миладиновци”- Аеродром доби ТИТУЛА НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ЗЕМЈИТЕ ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА.
Од 30 мај до 2 јуни 2019 година во Будва, Црна Гора, се одржа конференција ,,Светот на образованието ги брише границите” , во организација на Асоцијацијата ANN EX YU.
На конференцијата Анета Велковска, професор по одделенска настава во ООУ “Браќа Миладиновци” – со седиште во Аеродром, Скопје ја освои Титулата најдобар наставник во земјите од поранешна Југославија.
На конференцијата доби и Сертификат за активно учество на конференцијата и Благодарница за помош и подршка во афирмацијата на наставничката професија преку серија активности.
Оваа година Анета Велковска беше прогласена за Проветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2018/19 година од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје во соработка со Град Скопје.
Низ годините таа има многу признанија и сертификати за постигнатите високи резултати во спроведувањето на целите и задачите во воспитно – образовната област во текот на наставата, воннаставните активности, многубројни проекти, а се докажа и како автор на поезија за деца.
Жаклина Ристовска од основното училиште ,,Браќа Миладиновци”- Аеродром доби ТИТУЛА НАЈДОБАР НАСТАВНИК ВО ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА Од 30 мај до 2 јуни 2019 година во Будва, Црна Гора, се одржа конференција ,,Светот на образованието ги брише границите” , во организација на Асоцијацијата ANN EX YU. На конференцијата Жаклина Ристовска, професор по одделенска настава, а по едукација педагог, во ООУ “Браќа Миладиновци” – со седиште во Аеродром, Скопје ја освои Титулата најдобар наставник во земјите од поранешна Југославија.
На конференцијата доби и Сертификат за активно учество на конференцијата и Благодарница за помош и подршка во афирмацијата на наставничката професија преку серија активности, како и Сертификат за постер презентација на тема “Алгоритамско размислување – базична вештина на 21 век” . Во 2015 година Жаклина Ристовска беше прогласена за Проветен работник на годината на Р. Македонија за учебната 2014/15 година од страна на Сојузот на просветни работници на Република Македонија во соработка со МОН на РМ.
Низ годините таа има многу признанија и сертификати за постигнатите високи резултати во спроведувањето на целите и задачите во воспитно – образовната област во текот на наставата, воннаставните активности, многубројни проекти, а се докажа и како автор на учебници по математика и 30 други едукативни книги.