Според истражувањето на Евростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9 отсто) не можат да си дозволат годишен одмор во странство.
Гледано на ниво на цела Европа, Македонија и Србија, кои се опфатени со истражувањето на Евростат, се наоѓаат на врвот на листата. Повеќе од една третина од Македонците, односно 65,3 отсто не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена во странство, а во Србија процентот е 62, 8 отсто.
Најдобра е состојбата во Норвешка каде што само шест отсто од жителите не можат да си дозволат седумдневен годишен одмор во странство. Зад Норвешка се наоѓа Шведска со 8,2 осто, па Швајцарија со 8,9 отсо во 2016 година.
Од членките на ЕУ, најлоша е ситуацијата во Романија каде што две третини од населението не може да си дозволи седумдневен одмор во странство. Потоа следува Хрватска каде 61, 2 отсто од населението не може да си дозволи да отпатува една недела во странство.
Генерално, процентот на оние кои не можат да си дозволат еднонеделен одмор во странство во земјите во ЕУ е во пад. Ако во 2011 година просекот бил 38 отсто во 2016 е 32, 9 отсто.
Во Турција, според последните достапни податоци од 2015 година, дури 71,5 отсто од населението нема пари за седумдневен одмор во странство.