Македонија постои во Романија: Специјално заштитена

|

Да да. Не е никаква лага. Македонија ја има во Романија, поточно една цела област- шума го носи тоа име. Ова не е обична Македонија, туку специјално заштитена област на многу ретки птици кои се среќаваат само таму и никаде на светот. Лоцирана е во западнот дел на земјата, во административната територија на округот  Јudețului Timiș- Тимиш.

Природното богатство е на територијата на градот Цајова, непосредна близина на националниот пат DN59.

Фантастичната и живописна област е прогласена за „област со специјална заштита“ со одлука на Владата бр. 1284 од 24 октомври 2007 година (во врска со декларацијата за посебни подрачја за заштита на птици како составен дел на европската еколошка мрежа Натура 2000 во Романија) и зафаќа површина од 4.625 хектари.

Заштитеното подрачје (опфатено во панонскиот географски биорегион) претставува природно подрачје (реки, езера, мочуришта, трусни земјишта, култивирано обработливо земјиште, листопадни шуми) со кој се обезбедуваат услови за хранење, гнездење и живеење за неколку видови на преселеници или птици кои не ја напуштаат средината (некои заштитени со закон).

Неколку заштитени птици наведени во Анекс I на Директивата на Европскиот совет 2009/147 / EC од 30 ноември 2009 година (за зачувување на диви птици) или наведени на Црвената листа на IUCN се забележани во областа на локацијата.

Има над 50 видови на птици, некои многу ретки и пред истребување. Местото е фантастично за рекреација, авантури и снимање и сликање на птиците за кои треба посебна дозвола од властите.

Во близина на локацијата, постојат неколку зданија од историски, културен и туристички интерес како цркви, манастири, тврдини и обрамбени средновековни кули…

Се’ уште не се знае зошто областа се вика Македонија, но според Румунската енциклопедија, во 1525 година се споменува извесен Ласло Македонски и Петар Македонски, веројатно носител на правото на поседот.