Прагот на алармирање за загаденоста на воздухот е надминат на дел од мерните станици во Скопје, Битола, Тетово и Струмица, поради што стапија на сила мерките против аерозагадувањето. Меѓу мерките е и бесплатниот прево во главниот град.
Од 12 часот, информираа од ЈСП, користењето на градскиот превоз во Скопје е бесплатно.
Мерните станиците повторно евидентираат огромна концентрација на ПМ-10 честички во воздухот, а изутринава најзагадено беше во скопските населби Ѓорче Петров (551 µg/m3), Карпош 2 (545 µg/m3) и Црниче (473 µg/m3).
Со итните мерки се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Исто така, треба да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.
Сликата не е поразлична ниту во внатрешноста, а со најзагаден воздух може да се „пофалат“ Битола, Струмица и Прилеп.