Македонија се подготвува пред најавеното невреме, на повеќе локации се чисти атмосферската канализација

|

Македонија ги прави последните подготовки пред најавите за големо невреме кое во попладневните часови треба да зафати делови од земјава. Предвидувањата се дека ќе паднат и до 20 литри воден талог дожд на поодделни места.

Во таа насока екипите ЈП Водовод и канализација – Скопје, вчера и денес спроведуваат дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во Скопје, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа.

Од компанијата велат дека се подготвени за интервенции и навремени реакции во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека невреме со обилни дождови кои би наврнале во голема количина се очекуваат најмногу во западниот дел од земјава.