Македонија се разбуди под минусни температури, од утре повторно снег

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најави студено време со многу ниски температури во утринските часови.

Минус 21 степен се измерени утринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.

Како што соопшти УХМР, најстудено оваа недела е утрово кога речиси во целата земја температурата достигнува минус 10 степени, а на повеќе места и под минусните 15 степени.

Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат од утре во текот на денот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово- Дебар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.