Македонија влегува во портокалова фаза со температури од над 40 степени

|

Земјава од денеска во портокалова фаза со најави за температури наместа и над 40 степени целзиусови.

Според информациите од метеоролозите очекувањата се ваквото време да се задржи во следните денови.

Препораките на здравствените работници се во најжешкиот период од денот да се избегуваат тешки физички активности, подолг временски период од денот да се поминува во затворена климатизирана просторија.

Граѓаните повеќе да практикуваат носење светла и лесна облека, да јадат помалку мрсна храна и храна која содржи многу шеќер, и секако да се внесуваат што повеќе течности.

И владата ги активираше препораките за заштита кои важат од денеска до крајот на неделата.

Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години, децата во градинките да не се изнесуваат надвор во најтоплиот дел од денот, од 11 до 17 часот, а во истиот период да запрат работни активности на отворено, што се однесува особено на градежните работници.