Македонија во портокалова фаза: Циклонот „Кристијан“ зема замав

ИЗВОРСкопје24
|

Циклонот Кристијан во следните часови се повеќе ќе зема замав па така од запад и југозапад врнежите ќе започнат да се интензивираат и да се шират и во останатите предели од државава, локално се очекува и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека пак на високите планини ќе има врнежи од снег, анализира Славчо Поповски.

Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени што значи ќе биде значително посвежо за разлика од денес додека пак веќе од вторник истите ќе бележат тенденција на постепен порас но и понатаму ќе се задржи циклонот и ќе условива доста нестабилно време во следниот период па затоа доколку излегувате со себе задожително да си понесете чадор поради очекуваните врнежи во текот на следниот период.

Поради циклонот во следните часови територијатан на нашата држава ќе влезе во жолта и во портокалова предупредувачка фаза па така поради поинтензивните врнежи во следните денови има услови за зголемување на нивоата на реките и на езерата па затоа доколку патувате и тоа особено попкрај водотеците бидете крајно претпазливи.