Напредна технологија која ќе се користи за мисијата на НАСА која во 2024 година треба да слета на месечината, ја развива Македонскиот научник Данче Андревска Ѓорѓиевски.
Андревска Ѓорѓиевски работи за компанијаta Dornerworks од која има договор за соработка со НАСА за проектот Артемис 3 кој треба да слета на Месечината за две години.
Таа предводи тим кој работи на напредна технологија која може да овозможи подобра комуникација на вселенските летала со земјата.
Андревска Ѓорѓиевски вели дека со помош на оваа технологија меѓу другото астронаутите полесно ќе можат да воспостават видео врска со своите семејства на земјата.
Инаку, Андревска Ѓорѓиевски е сестра на друг врвен македонски научник Гоце Андревски кој предава на Кралскиот Универзитет во Канада.