Македонска натпреварувачка експресно дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“

|

Учесничка oд Македонија во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е дисквалификувана од натпреварувањето, бидејќи не се појавила на последното снимање.

Станува збор за Валери Димовска, 24-годишна натпреварувачка од Скопје, која вели дека натпреварувањето за неа заврши по вториот круг, но дефинитивно ќе ја гледаме и следната сезона.

Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа бев дисквалификувана, бидејќи не можев да се појавам на снимањето. Ќе се пријавам повторно следната година, вели Валери.