Македонски увоз дури од земјата на пирамидите. Во државава се набавува кромид од Египет, домати од Полска, пиперки од Хрватска, моркови од Грција, тиквици од Турција. Според, податоците од Цариската управа може да се види дека од почетокот на годинава до сега, голем увоз на овие производи се правел и од овие држави.
Земји од каде се врши увоз на:
Домати – Албанија, Грција, Полска, Србија, Турција и Косово.
Пиперки – Грција, Хрватска, Турција и Косово.
Кромид – Австрија, Грција, Хрватска, Египет, Молдавија, Холандија, Србија и Косово.
Моркови – Албанија, Грција, Турција и Косово.
Тиквици – Албанија, Грција и Турција.
За овие продукти и за други видови овошје и зеленчук, пред неколку дена Владата донесе и одлука да се намалат царинските давачки. Според податоциоте тие во земјава се внесуваат и од држави од регионот кои се дел од ЦЕФТА, како Албанија, Косово, Србија. Но, во тој случај при влез во земјава за нив не се плаќаат давачки. Според тоа, со ваквата владина мерка очигледно ќе поевтини доматот, краставицата, кромидот, пиперките, морковите, кои доаѓаат од далеку, односно од ЕУ , но и од други земји.
Со години наназад Македонија се декларира како земјоделска земја. Се воведуваат програми, субвенции за зголемување на производството. Но, зошто и покрај ваквите напори земјава е принудена да увезува кромид дури од Египет, министерот за земјоделство Николовски одговори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува. А производството за одредени работи расте.
-Секогаш ќе извезуваме и ќе увезуваме. Ако сте економисти, јас сум прваник и тоа треба да го знаете. Функцијата на програмите на министертвото е да ги поттикне производителите. Да не се субвенциите половина од нив ќе ги напуштеа нивите. Да не се новите програми ќе имаме пад на производството. Во последната година имаме зголемување на површините и нови 2.000 договори, зошто тогаш лани имаме рекордна цени на јачмен, на пчленица, на тутун, на грозје на се што произведуваме. Наша цел е се што имаме тука да го максимизираме. А секогаш ќе има и увоз и извоз, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Поради тоа што е регистриран зголемен извоз, се одлучи на 10 отсто да се намалат царините за кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковите , модриот патлиџан, тиквички. Мерката ќе важи до крајот на февруари. Се намалува царината и за доматите, краставиците, корнишоните, благите и лутите пиперки, но за нив ќе почне одлуката да важи два месеци подоцна, затоа што сега нивното производство е големо.
Се одлучи и да се зголеми квотата за увоз на некои видови овошје. Но, ваквите одлуки ги искритикуваа земјоделците со образложение дека граѓаните ќе купуваат производи поевтини од други држави, но со сомнителен квалитет. Ова е нов обид на Владата да го намали притисокот од високите цени, откако претходно донесе мерка за поевтинување на дел од произвдите за 10 отсто. Дел од маркетите одлуката не ја почитуваа и добија клуч на врата.