Катерина Ристова, поранешната пејачка на групата „Легато“, роди син. Таа преку фејсбук-статус откри дека станала мајка.
„Господе, ти благодариме за најубавиот дар!! Ти благодараме што од денес ни ја подари најубавата улога во животот!!! Благослов од Бога да станеме родители на прекрасно бебче!!! Семејство… таму каде животот почнува, а љубовта никогаш не завршува. Господ нека дава таква радост во секој дом!“, напиша таа.
Катерина лани се венча со Васко Митев. Двојката живее во Америка.
Инаку, и поранешната Мис на Македонија, Стефани Борсова која ја понесе титулата за најубава девојка во 2010 година, повторно е бремена, а убавата вест ја откри за српската Хепи телевизија. Стефани после изборот за Мис се омажи, роди син и се повлече од јавноста.
Денес води мирен живот со своето семејство во Сремска Митровица. Сега е сопственичка на една од најпопуларните слаткарници во Митровица и неодамна стана и сопственичка на кафуле во истиот град.