Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа повеќе македонски кандидати, но најголем впечаток освои Сања Тодоровиќ од Скопје.
Сања се претстави со песните „Вукови“ од Емина Јаховиќ и „Тек је 12 сати“ од Вана, а со својата интерпретација ги освои речиси сите гласови од жирито, односно само Драган Стојковиќ Босанац не и даде глас, а жирито имаше само позитивни коментари за Сања.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
Имено, Тодоровиќ учествуваше и претходната година во музичкото каде што стигна до петиот круг, а ментор и беше Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе кога ја виде македонската пејачка многу се израдува.
„Каде си кукло, те сакам“ изјави пејачот и го повлече гласот бидејќи според новите правила на „Гранд“ тој не може повторно да и биде ментор.
ФОТО: ПРИНТСРКИН/ЈУТУБ
Саша Поповиќ истакна дека кај Сања од првиот круг во претходната сезона досега се чувствува огромна разлика.
Тодоровиќ за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша со која ќе работи за нејзиното претставување во следниот круг.
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
„Баш ми е драго што ме одбра мене. Имаш добра енергија, добра подлога.Со оглед на претходната сезона, сега како почна….убаво ќе соработуваме“ истакна Карлеуша.
Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу.