Популарната македонска пејачка Сара Мејс, се пофали ја социјалната мрежа Инстаграм дека е плус-сајз модел.
„Плус-сајз модел! Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам. Благодарение на „Дерма бела“ и начинот на кој го третираат моето тело (веќе последните два месеци) не се срамам од мојата постпартум тежина и изглед – пишува Сара Мејс.
На фотографијата коментираше и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кој пак и даде само комплименти, велејќи дека воопшто не е плус-сајз и изгледа одлично.
Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски неодамна станаа родители на нивното прво дете односно ќерката Илина.
Набргу по породувањето, Сара се врати на своите активности и ангажмани, а своето слободно време го поминува со ќерката и сопругот.