По подолга пауза, македонската пејачка, Искра Трпева наскоро со нова песна се враќа на сцената. Иако можеби многумина ја заборавија домашната пејачка од одличен глас, таа на Фејсбук ги изненеади своите фанови и преку фотографии откри дека подготвува нова песна која ќе ја промовира наскоро.
Искра Трпева, веќе неколку години беше во музичка илегала и е посветена на мајчинството и семејството. Таа ја има својата ќерка Ангела за која вели дека ја спасила и е нејзиниот сон и живот.
“Ангела е мојот живот, мојот сон. Секоја жена која е остварена како мајка знае дека нема ништо поубаво на светот од тоа да се биде родител. Јас сум среќна жена”, откри Искра во една прилика, која веќе осум години е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски.
Иако во минатото бевме навикнати да ја гледаме пејачката на фестивали, во последните неколку години тоа не е нејзина пракса, а причина за тоа е разочарувањето од моменталната состојба во која се наоѓа музичката сцена.
“Јас сум докажано име на музичката сцена, а на фестивалите кај нас не го добивам третманот што сум го заслужила. Ми пречи недолично однесување и лицемерие и поради тоа решив да не се појавувам веќе на фестивалите”, заклучи Трпева.
Можеби сега ќе го промени ставот, па ќе можеме да ја видиме и на некои од претстојните фестивали.