Македонската полиција објави видео, погледнете како со дрон се контролираше акцијата за сузбивање на криминални групи

|

15 лица се приведени, а 27 локации се претресени. Ова е епилогот откако полицијата по подолг временски период следење, утрово упадна и сузби три криминални групи кои дејствувале организирано.

Интересно е тоа што во акцијата беше вклучен и дрон, како што дознава 4NEWS.mk со вградена термална камера која ги лоцира лицата кои ви моментот се наоѓаат на терен и помага во нивното движење и координација.

Во видео материјалот кој го објави МВР може да се забележат неколку станбени објекти и припадници на специјалните едицни како дејствуваат на терен.