Македонски автобус се преврте во Србија на пат кон Копаоник(VIDEO)

ИЗВОРnovlist.mk
|

Утрово околу 10 часот излетал од патот и се превртел македонски автобус во соседна Србија близу Блаце кај месноста Белољин. Во несреќата се повредени 26 лица од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље.


Според првичните информации од лекарите згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега сите се контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија – Полиција Блаце сме информирани дека се уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да се дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител“,стои во соопштените на министерството за надворешни работи.

Засега не е позната причината зошто автобусот излетал од патот во ендекот. Една од можните причини според српските медиуми кои ја пренесоа веста е тоа што оваа делница од Прокупље до Блаце на која порано многу имало сообраќајни незгоди последниов месец се реконструира и има градежни зафати па е под времен режим на сообраќај. Патот на местото каде што излетал македонскиот автобус е само тампониран и тешко се разграничува до каде може да се вози а каде почнува ендекот односно ископаниот канал покрај патот кој служи за да ја собира водата во кој пропаднал автобусот. Екипите на српската брза помош веднаш пристигнале на местото на несреќата по што повредените се транспортирани во болници. Според неофицијални информации од болницата во Блаце патниците биле претежно од Радовиш кои тргнела на едно дневна екскурзија на Копаоник.