Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска

|

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, еден маж загина, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми.

Од СВР Брод-Посавина, се дознава дека еден од двајцата патници починал и бил државјанин на Македонија, роден 1972 година. Бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички.

Според објавеното несреќата се случила вчера во 19.10 часот, откако автомобилот излетал од патот.

Засега не е објавен идентитетот на двајцата патници во автомобилот, но хрватската полиција соопштила дека и двајцата биле странски државјани.