Македонски имиња кои се ретки, а имаат преубаво значење

ИЗВОРНов Лист
|

Кои традиционални имиња во себе кријат неверојатна симболика:

1. Ружица – име на кралицата на цвеќињата, кое одлично ќе му прилега на секое девојче. Розата истовремено е нешто нежно, романтично и кршливо, но силно и симболично.

2. Лидија – ова име значи „родена од Бога“, односно жена од Лидија, покраина во Мала Азија. Во коренот на името има асирски збор кој значи луѓе.

3. Љубица – женско име со старословенско потекло, настанато од билката љубичица.

4. Верица – основното толкување е христијанската доблест, верата, а самото име ќе се преведе како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“.

5. Зорица – името потекнува од поимот кој означува дел од денот, зората и симболизира почеток на светлината. Како симбол за убавина, зората била инспирација на многу уметници во нивното создавање.

6. Јасна – името настанало од придавката јасна, која значи светла, сјајна. Ова име симболизира позитивност, оптимизам и шарм.