Македонски музичари направија песна за покревање на јавната свест за аутизмот

ИЗВОРСкопје24
|

За да се покрене јавната свест за лицата со аутизам, за прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со многубројни македонски уметници, ја создаде песната „Растеме заедно“.

Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.

„Растеме заедно“ е авторско дело на текстописецот и композитор Весна Малинова-Бабамов, аранжманот е на Дарко Тасев, клавијатури – Влатко Георгиев, виолина – Филип Волкан, а е снимена во студиото AleXanDeR на Александар Ристовски-Принц. Учесници се: Кристина Арнаудова, Весна Гиновска-Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов-Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан и Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин) и Ева Ѓорѓеска.

Сценариото и режијата на спотот се на Koma design studio – Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Јосифовски и Небојша Гелевски.

Јунакот Марко ќе трча за поддршка на лицата со ретки болести на „Охрид трчаТ“

Марко Пејчиновски (13) од Охрид, кој со некроза на нозете лани на 28 август за девет часа го преплива Охридското Езеро, иако има здравствен проблем годинава ќе трча за поддршка на лицата со ретки болести на традиционалната трка „Охрид трчаТ“ на 2 јуни.

Од Здружението за поддршка на луѓе со ретки болести „Живот со предизвици“ велат дека здравствениот проблем кој го има Марко го оттргнал од секојдневните физички активности, и се насочил кон единствената спортска активност која е во можност да ја прави – да плива.

Марко во видеопорака ги повика тркачите да се вклучат во тимот на лицата со ретки болести на ‘Охрид трчат’.