Македонски полицаец за пример, вака се сака сопствената држава

ИЗВОРСкопје24
|

„Железото се кова додека е жешко“ е поговорка која овој македонски полицаец ја сфатил сериозно.

Имено на фотографијата која кружи на соцјалната мрежа Фејсбук се гледа како овој полицаец во едно основно училиште во Скопје ги учи младите генераци како да си ја сакаат својата татковина Македонија.

„Ги учиме новите генерации да си ја сакаат својата татковина Македонија и родното место“, напишал на Фејбук , македонскиот полицаец кој треба да биде пример за идните генерации, а мора да признаеме дека со ова и дефинитивно тој ќе стане пример како за помладите, така и за постарите генерации.

Овој пример на овој млад полицаец треба да го следат сите прави Македонци, бидејќи само така ќе изградиме силна држава и горда нација.