Македонски Телеком вработува – Огласи за кандидати од четири градови

|

Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници.

Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди, велат од компанијата.

Во моментов Македонски Телеком има потреба од кандидати за работа на следната позиција:

Продажен претставник во продавница – Скопје, Кичево, Битола и Куманово

Што бараат: Посветеност на продажни и услужни активности за нашите корисници, обезбедувајќи најдобро корисничко искуство и градејќи лојалност на корисниците преку:

Помагање на корисниците да ги изберат најдобрите продукти и услуги за нивните комуникациски потреби;Понуда на продуктите и услугите на корисниците и најновите технолошки достигнувања;Водење на корисниците низ продажниот процес преку поставување прашања и споделување на експертиза;Пристапување кон продажните и услужни активности со трпеливост, искреност и емпатија;Градење на односи со другите колеги во компанијата со цел реализација на корисничките барања

(Линк за повеќе детали и аплицирање со клик ТУКА)