Македонскиот диџеј Галоски специјален гостин на Тиесто во Скопје на 16 јуни

|

Веста дека најголемата диџејска ѕвезда на електронска музика на сите времиња Тиесто доаѓа во Скопје се рашири екстремно брзо.

На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите „The greatest DJ of all time“ според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.

На турнеите и настапи ширум светот TIESTO и неговиот тим претпазливо го избираат артистот кој официјално ќе настапи пред него и ќе биде нагласен како официјална домашна поддршка. Овојпат тоа не беше проблем за еден од нашите најуспешни диџеи GALOSKI кој на 69-то место на 101 најдобри продуценти во светот, одликуван од елитната “1001 tracklist”, а Tomorrowland го прогласи за future star artist. https://top101producers.com/2021

GALOSKI, ќе настапи со специјален сет пред шоуто на најголемата ѕвезда на електронската музика на сите времиња – TIËSTO!

Galoski во последниве неколку години издаде одлични траки кои добија огромна поддршка од големи имиња од електронската музичка сцена, а лани основаше и своја издавачка куќа “Unlimited Fuego”, чии изданија се поддржани токму од Tiësto, но и од Afrojack, Martin Garrix, David Guetta, Steve Aoki, Diplo, Alesso и др.

Инаку, интересот за шоуто на TIËSTO во Скопје е навистина огромен во целиот регион, а билетите сѐ уште се достапни за купување на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk, како и на регионалните продажни места и онлајн на tickets.rs, gigstix.com и eventim.bg.

Побрзајте и бидете дел од најголемото шоу ова лето во Скопје!