Македонскиот народ ќе мора да плати минимум 10 денари за да добие ќеса во маркет

ИЗВОРnovlist.mk
|

Македонците годишно употребуваат од 120 до 150 милиони пластични ќеси. Овие ќеси подоцна завршуваат во различен вид на отпад, а нивното користење е посочено како сериозно загадување на животната средина. Нивната употреба треба да се ограничи најдоцна до 1 јануари 2021 година. Имено, од тогаш ќесите во маркетите ќе мора да ги платите по минимум 10 денари.

Асоцијацијата за управување со посебни текови за отпад, смета дека ова решение е добро и ќе вроди плод, бидејќи намаленото користење на пластичните ќеси позитивно ќе влијае на заштитата на нашата животна средина.


– „Пластичните кеси генерално во маса не учествуваат многу во вкупната пластика што се пушта на пазарот. Од 120 илјади тони отпад од пакување, пластичните кеси учествуваат со два до три проценти во маса, но како волумен и како видлив загадувач се најприсутни. Во бројки тоа би било од 120 до 150 милиони кеси годишно пуштаат на пазарот македонските граѓани и верувам дека со 10 денари по кеса, оваа бројка ќе се намали барем половина уште во првата година по стапување во сила на оваа одредба.“изјави Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад.

Оваа новост најмалку ќе им се допадне на граѓаните кои нема да имаат доволно пластични ќеси за да го фрлаат ѓубрето и ќе мораат да изнајдат ново решение.
Според разни податоци и статистики македонскиот народ во моментов 95% од домашниот отпад го складираат во разни пластифицирани ќеси кои ги добиваат бесплатно со секое нивно пазарење или пак за нив плаќаат сума од денар или два.
Од Асоцијацијата се задоволни од законските решенија кои се подготвуваат и кои очекуваат да бидат донесени пред одржување на предвремените парламентарни избори. Велат дека законските решенија се добри, но она што ќе треба да се стори по нивното донесување, е да се подобри имплементацијата со засилување на инспекциските служби.

Асоцијацијата е задоволна од ова законско решение кое сеуште се подготвува, а се очекува дека ќе биде донесено пред предвремените парламентарни избори.


Тие сметаат дека законските решенија се прифатливи и дека со нив треба да се испочитува навистина законот, а во тоа единствено може да помогне помогне засилената инспекција.