Македонскиот поп-пејач Дарко Илиевски кој живее на Флорида, на својот Инстаграм профил се пофали дека со сопругата Ивана чекаат бебе.
Тој со фотографија направена на една од плажите на Флорида откри дека ќе добие син.
-Најубаво чувсто на светот е кога секој ден те гледам како растеш. Растеш едно мало човече кое ќе биде наследник, плод на нашата љубов. Прво па машко. Ве сакам срциња мои, – напиша Дарко на својот профил на Инстаграм.
Дарко стапна на лудиот камен уште во 2016 година, а негова избраничка е стружанката Ивана која воедно е ќерка на трократниот најдобар југословенски диџеј Славе Келешовски.
„Среќен брак на ќерка ми Ивана и зетот Дарко. Ви посакуваме здравје, љубов, среќа и многу дечиња. Се најдобро“, напиша своевремено таткото на невестата на фотките кои ги објави на Фејсбук.