Македонските граѓани можат да донираат за настраданото население во Словенија – еве како

|

Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети и човечки загуби.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија.

-Црвениот крст на Република Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Црвениот крст е во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. Од своите резерви, Црвениот крст на РМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција, велат од Црвениот крст.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија.

– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

– За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228