|
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз.
„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, објави Пендаровски на „Фејсбук“.
Како што претходно беше најавено, Пендаровски денес, треба да има средба со Макрон.
Македонскиот претседател во Франција ќе престојува до среда, 13 ноември, а утре ќе се обрати на Парискиот мировен форум.
На настанот ќе присуствуваат над 30 шефови на држави и влади.