Мала принцеза: Ќерката на Коки прослави роденден (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Музичарот Николчо Јанков-Коки прослави роденден на својата ќерка Лара, која вчера наполни десет години. Коки објави фотографија од роденденската прослава со ќерката за која секогаш вели дека му е најголемата гордост.

„Најубавиот ден во животот ми е 26 мај. Утрото таа 2009 година животот ми подари божји благослов. Мојот крвоток, моја една и единствена, блескај во животот со посветеност, искреност, чесност и работи за да успееш. Среќна десетка Лара“, напиша на својот Фејсбук профил, поранешната сопруга на Коки Росана Јанков за ќерката.

Коки периодов беше во центарот на вниманието откако повеќе домашни медиуми објавија дека тој пред неколку се оженил по втор пат и тоа со својата старо – нова избраничка, скопската адвокатка Маја, но тој оваа вест ја негираше.

По разводот Коки се иселил од станот каде што живеел со неговата поранешна сопруга и се пресели на друга локација.

Меѓутоа, како што пренесе естрадниот магазин Ексклузив, Коки се вратил на својата стара љубов односно девојката со која била во врска пред Росана.

Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе месец дена живеат заедно.

Оваа информација во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и самиот Коки тогаш.