Maлиот Марко од Охрид пред нов голем предизвик: Сите можат да помогнат во неговата хумана мисија

ИЗВОРСкопје24
|

“Езерото и Марко пишуваат нова легенда

Марко Пејчиноски неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го постигне на 28 август. Езерото и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести.

Потсетуваме дека специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали.

Краен рок за нарачка на маиците за поддршка на лицата со ретки болести е 20.08.2019 година до 15 часот, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат”, информираат од тимот на младиот Марко.

Видеото погледнете го ОВДЕ.