Малиот Марко секој ден пешачи 17 километри: Од Србија доаѓа во Макдонија за да оди на училиште

ИЗВОРНов лист
|

Единаесетгодишниот Марко Арсовски е еден од ретките ученици што по знаење мора да пешачи до соседната држава, пишува Новости.рс.

Тој е единствениот ученик од село Старац во општина Бујановец, на границата со Македонија, а до најблиското училиште има 17 километри. Тој е ученик во петто одделение во училиште во село Драгоманце во македонската општина Старо Нагоричане.

– Наставата е на македонски јазик, а имам часови и на српски. И покрај сите тешкотии, постигнувам многу добар успех – вели Марко.

Куќата во која живее момчето е до самата река Пчиња, која ја дели Србија од Македонија, но и маалото на Марко, од остатокот од селото. До патот кој го води до училиштето најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.