Малкумина знаат за тајниот бизнис на Лепа Брена, кој работи 29 години: „Беше добро што продолжи да биде газдарица“

ИЗВОРНов Лист
|

Лепа Брена е една од најуспешните пејачки на овие простори, која оствари завидна музичка кариера, чиј крај се уште не се гледа, но е и успешен претприемач, а малкумина знаат за еден нејзин деловен потфат.

Имено, Брена уште во 1993 година решила да отвори свој киоск за храна во Нови Сад, поточно со хамбургери, кој и по 29 години успешно работи.

Иако сите знаат дека Брена ја продаде Гранд продукција, малкумина знаат дека таа има друг бизнис, на кој сега очигледно е попосветена – сендвичара.Веќе 29 години во центарот на Нови Сад поседува ресторан во кој се продаваат хамбургери и друга брза храна.

Лепа Брена беше една од основачите на Гранд продукција, која таа и нејзиниот сопруг ја продадоа за наводни 30 милиони евра.