Малолетен мотоциклист прегази дете во Струга, друг во Куманово

|

Малолетен пешак е тешко повреден откако бил прегазен од мотоциклист вчера во Струга.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„На 21.09.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.

Како што информира МВР, извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.

Исто така, на 21.09.2023 во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош во Куманово, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(38) од Куманово, удрил во малолетен пешак.

Во несреќата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.